Годишната инфлација во САД највисока од 1982 година

Потрошувачките цени во САД на годишно ниво во ноември го забрзале растот на 6,8 отсто од 6,2 отсто претходниот месец, и скокнаа за 0,8 проценти на месечно ниво, се наведува во соопштението на американското министерство за труд.

Според показателот, годишната стапка на инфалцијата во Соединетите држави го достигнала максикманото ниво во последните речиси 40 години. На крајот од јуни 198 година, таа изнесувала 7,2 отсто.

Годиншната стапка се совпаѓа со прогнозите на аналитичарите анкетирани од порталот Daily FX, кои очекуваа, пак, инфлацијата на месечно ниво да се зголеми за 0,7 отсто.

Истовремено, базичата инфлација во САД без цените на храната и енергенсите, изнесувала 4,9 отсто, а само за ноември била зголемена за 0,5 отсто. И двата показатела се во согласност со очекувањата на економистите.

Министерството во документот прецизира дека цените на прехранбените продукти во ноември просечно се зголемиле за 0,7 проценти, а на енергијата за 3,5 отсто. Со тоа, цените на храната на годиншно ниво биле повисоки за 6,1 а на енергенсите за 33,3 отсто.