Годишните извештаи на Триглав осигуривање три години по ред достапни на интернет

Групацијата Триглав осигурување информира дека веќе три години по ред годишните извештаи ги објавува на сопствената интернет страна на два јазици и тоа словенечки и англиски.

Од Групацијата велат дека „Остануваме на патеката: профитабилност, сигурност“ е главната порака на презентацијата на резултатите од работењето на една од водечките осигурителни и финансиски групации во Југоисточна Европа за минатата година, како и ориентираност на Групацијата Триглав кон иднината. Главни точки на Годишниот извештај се остварените стратешки цели за профитабилност и сигурност во работењето и четиригодишната стратегија за развој, како и ставање приоритет врз профитабилно и сигурно работење.

Групацијата Триглав стабилно ги спроведува своите цели и покрај економската криза со која се соочува светот. Ова е потврдено и со ревидираната стратегија на Групацијата до 2017 година, којашто претставува документ што значително го означи крајот на2013 година. Со промената на условите на пазарите на кои работи Групацијата Триглав, Групацијата соодветно ја ревидираше својата стратегија со што одговори на макроекономските влијанија со цел да го надомести очекуваното намалување на премиите, да создаде пораст на странските пазари и да ја зацврсти водечката положба во Словенија. Насочени кон профитабилност и сигурност во работењето, мисијата и визијата на Групацијата Триглав остануваат непроменети, да градиме посигурна иднина.