Во Србија на годишно ниво само на хероин и синтетички дроги се трошат околу 185 милиони евра, а се проценува дека околу 350 тони хероин годишно поминуваат низ Србија.
Од наведената количина хероин околу половина тон годишно завршува на улиците, а дел се пренесува и продава во Босна и Херцеговина и Црна Гора, велат за српски „Блиц“ во Меѓународниот одбор за контрола на наркотици во Виена.
Во тоа тело на Обединетите нации наведуваат дека низ Србија, поради нејзината поволна локација, поминува толкава количина на дрога, која од Турција, Албанија и Авганистан доаѓа во западна Европа.
Според евиденцијата на Меѓународниот одбор, во Србија има регистрирано околу 150.000 регистрирани корисници на дрога.