Годишно во Македонија предвреме се раѓаат 600 бебиња

По повод одбележувањето на 17 ноември- Светскиот ден на предвреме родените дечиња, ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња ја продолжува традицијата заедно со сите светски центри во светот.

Оваа годнина мотото во целиот свет под кое ќе се одбележува овој ден е: ,,Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место.,,

Целта на овој ден е подигнување на јавната свест во општеството поради фактот дека годишно во земјава има 600 предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им се овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина.

Во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство денеска ќе се одржи настан посветен токму ним. Свое обраќање ќе имаат директорката на ЈЗУ У ГАК доц.др.Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација Лулка со која клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година.