Ѓоковиќ го намали заостанувањето, Надал пред Федерер на АТП листата

DJOKOVIC Novak (SRB)

Второпласираниот Новак Ѓоковиќ ја намали разликата во однос на лидерот на АТП ранг листата Енди Мареј на 3.515 поени, додека Рафаел Надал го помина Роџер Федере и се искачи на 4.место. Ова е епилогот по завршувањето на Мастерсот во Мадрид.

Ѓоковиќ во Мадрид јабранеше титулата и стигна до полуфиналето, но и на тој начин ја намали разликата за 670 поени во однос на ланскиот финалист Мареј кој годинава беше елиминиран во 2.коло.

Поредок на десетте најдобри тенисери на светот:

1. Енди Мареј (Велика Британија) 10.360 поени
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 6.845
3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.605
4. Рафаел Надал (Шпанија) 5.195
5. Роџер Федерер (Швајцарија) 5.035
6. Милош Раониќ (Канада) 4.180
7. Доминик Тим (Австрија) 4.035
8. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.735
9. Кеи Нишикори (Јапонија) 3.470
10. Давид Гофан (Белгија) 3.055.