Ѓоковиќ лесно против Милман за полуфинале на УС Опен

Српскиот тенисер лесно се пласираше во полуфиналето на УС Опен откако убедливо со 3:0 го победи Австралиецот Џон Милман со 6:3, 6:4 и 6:4. Милман направи сензација кога во осминафиналето го елиминираше Роџер Федерер, но беше немоќен против Ѓоковиќ.

Сепак, двајцата тенисери пружија одличен меч. По почетните 3:0 за Србинот Милман се врати во натпреварот во кој во шестиот гем од првиот сет траеше 16 минути, со поени со над 25 префрлувања на топчето преку мрежата.

И овој натпревар се одигра по топло време, 26 степени целзиусови пред полноќ во Њујорк, па во вториот сет Милман го замоли Ѓоковиќ за мала пауза за да се пресоблече. Прекинот добро му дојде на Милман, кој успеа да одбрани неколку брејк топки, па Србинот успеа да го одземе сервисот во деветиот гем, за водство од 5:4 по што лесно дојде до водство од 2:0. Ѓоковиќ пак направи предност во третиот сет, но Австралиецот успеа да возврати за 3:3, но, Србинот, сепак, не дозволи изненадување и го доби мечот.

Тој во полуфиналето ќе игра против Јапонецот Кеи Никишори, кој со 3:2 го победи Хрватот Марин Чилиќ.