![2013 Australian Open - Day 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/Australian-open-2013.-Novak-Djokovic.-Doping.-Armstrong..jpg?resize=696%2C501&ssl=1)
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ вели дека Енди Мареј можел многу лесно да го добие вториот сет на финалето во Париз, но и дека сепак останал цврст.
Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Франција, победувајќи го во финалето Енди Мареј со 6:2, 6:4, освојувајќи го десетиот трофеј во 2015 година и вкупно 58. во целата кариера.
Новак има неверојатни 27-4 против Топ 10 играчите оваа година, а ова му е вкупно 26. Мастерс титула и сега има само една помалку од рекордерот Рафаел Надал.
-Колку подолго се продолжува низата победи и повеќе се соборуваат рекорди, се повеќе ми растат самодовербата и мотивацијата, покрај фактот дека сум во позиција да поставувам нови граници и нови рекорди, да го запишам моето име во историјата на тениските книги. Тоа не е единствената причина зошто сум мотивиран и зошто играм добро, има многу повеќе од тоа, вели Ѓоковиќ.
Во приватниот живот се чувствувам многу спокојно и избалансирано. Таа рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот ми помага да го извлечам најдоброто од себе на теренот, додава тој.
-Се надевам дека ќе ми успее да го повторам изданието од претходните години на завршниот турнир. О2 арената е сјајно место за играње тенис, додава тој.
Во интервју за српски Блиц Новак вели дека постојано себеси се турка напред и дека не знае за граници.
На прашањето дали по завршувањето на Мастерс во Лондон планира да замине на семеен одмор, тој открил дека има на ум тропска дестинација.
-Сигурно ќе одам на некоја тропска дестинација, далеку од се, бидејќи тоа е нешто што ми е неопходно по ваква сезона, вели тој.
Тој не сакал да го откри конкретното место кое го планира за одмор, но додал дека одморот ќе биде семеен и дека со сигурност тоа ќе биде на некоја тропска дестинација.