Ѓоковиќ повторно на врвот без промени на АТП листата Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана на врвот на АТП листата. Тој и понатаму има висока предност пред најблиските ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Единствената промени во ТОП 10 е замената на местата меѓу Данил Медведев и Фабио Фоњини. Сега Италијанецот е на деветтата позиција, со 200 бода заостанување зад Карен Качанов од Русија.

За тенисерите претстои период во кој ќе се играат турнири во Северна Америка, а потоа и последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен.

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата и ќе се обиде да ја збогати колекцијата големи трофеи.