Машкиот ракометен првак на Македонија, РК Вардар, ни приреди ноќ за паметење, испиша победничка страница во спортската историја во Македонија. Вторпат Македонија се искачи на авропскиот трон, петнаесет години по историската победа на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го добивме и машкиот европски ракометен првак.
Натпреварот се следеше во домовите, во кафулињата, а се крадеше и побрзиот сигнал на соседите…
Овие навивачи на Вардар ја прославија победата благодарение на комшијата.