Во Шведска изгледа е невозможно да се побегне пред законот, насекаде може да те стаса неговата продолжена рака, дури и доколку седиш гол во сауна, пишуваат тамошните медиуми.
Портпаролката на шведската полиција, Катрина Скагерлинг, објави деновиве дека полициски службеник, додека не бил на должност утврдил дека седи во иста сауна во стокхолмското предградие Ринкеби во која се наоѓа и бегалец пред правдата кој го избегнивал отслужување на затворската казна. Бил осуден поради повеќе разни прекршоци, но и поради тежок напад.
Откакако меѓусбено се препознале, како што рекла портпаролката, „голиот полицаец мирно му порачал на човекот дека може да се смета за уапсен“. Потоа полицаецот ги повикал своите колеги да го соберат бегалецот, навела Скагерлинд, додавајќи дека „апсењето не било драматично, како и дека приведениот ниту се обидел да побегне“.
Полицаецот добил признавање за апсењето, а полицијата со објава на Facebook: „Ние сме насекаде. Дури и кога не нѐ гледате., тука сме“.