
На третата изложба на уметнички слики на Сандра РС, што се одржа на 23 јули годинава на плажата Golden beach во Охрид, беа претставени 17 уметнички дела. Инспирацијата за оваа изложба беше токму оваа плажа што и е омилена на Сандра Рс. Покрај изложбата беше претставена и новата колекција на нејзините костими за капење, новиот бренд Сандра Рс, а за кои исто така и е инспирација плажата Golden beach. Сандра Рс се заминава со уредување на уметнички слики на ентериери и досега има уредено голем број на простори, а еден од нив е и ексклузивната плажа Golden beach. Сандра РС е родена во Скопје. Таа е магистер по криминологија, а наскоро ќе докторира социјална педагогија.
Таа е единствениот ИМИ квалификуван медијатор во РСМ, запишана во регистерот на Меѓународниот Институт за медијација. (IMI Qualified Mediators — International Mediation Institute (imimediation.org)
Професионално се занимава со медијација и е главен основач на здружението МЕДИЈАТОР РС, специјализирано за обуки за медијатори по највисоки, меѓународно признати стандарди.
Досега има реализирано три самостојни изложби. Во Охрид, под наслов „Кругови“, во 2013 година, во Скопје, „Добротворна изложба“ во Дом на АРМ, во 2015 година и последната, повторно во Охрид, на јули годинава со наслов, „Golden beach“.
Сандра Рс има талент и за уредување, досега уредила повеќе простори и екстериери, како со уметнички слики, така и целосно.
Таа дизајнира и облека и годинава има дизајнирано колекција на костими за капење и на фустани. Исто така, има монтирано неколку спотови, изработува и веб страни, а и спортува (според свои методи на вежбање)
Освен тоа, има издадено неколку научни трудови: во 2013 под наслов „Деликвентното поведение на децата од дисфункционални семејства“, во списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE) Global Impact Factor, потоа во 2015 книга на англиски јазик од издавачка куќа Lap Lambert Academic Publishing, „Delinquent behavior of children from dysfunctional families“ и во 2016 Анализа на „Моменталната состојба во Р.Македонија согласно законот за медијација“.
Сандра Рс, исто така, има издадено два прирачника за медијатори: во 2017 Прирачник како да станете медијатор, издаден во весникот ПРАВНИК при правниот факултет „Јустинијан Први“ и во 2017 Прирачник за припрема на испитот за медијатори.
Во 2017 преку здружението Медијатор РС-Скопје, за прв пат се поднесени Предлог измени на Законот за медијација до Владата.
Во 2018, во склоп на докторските студии, изработен е докторски труд под наслов „Врсничката медијација како превентивно средство за справување со деца со нарушено поведение во училиштата“, а во рамки на докторските студии изработен е докторски труд: „Форми на педагошка работа со деца со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведение-методолошки дел“, кој се реализираше во 2019 година.
Пред две години, во рамки на докторските студии изработен е докторски труд: „,Деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение и нивниот третман низ системот за социјална заштита во РСМ“, а во 2021 е издаден научен труд под наслов „Моменталната состојба на обуките за медијатори во РСМ и признавањето на странски обуки за медијатори во согласност со ратификувани закони-спогодби и ИМИ стандарди“. Истата година е издаден и трудот: „Форми на педагошка работа со деца со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведение“.