Голден Стејт славеше против Лејкерс, Тејтум и Браун ја откажаа Филаделфија

Новата сезона во НБА лигата беше отворена со две атрактивни пресметки, а и во двата случаја победија домашните екипи.

Шампионот Голден Стејт немаше многу проблеми со Л.А Лејкерс и победи со 126:117, а Бостон ја победи Филаделфија пред своите фанови со 123:109.

„Воините“ имаа поспор почеток поради промашувањата на Кари и Томпсон, но ја имаа резултатската контрола во текот на целиот меч и очекувано ја запишаа првата победа.

Кари со 33 поени бил најдобар реализатор на мечот, додека Џејмс и Дејвис уфрлиле по 31, односно 27 поени за Лејкерс.

Бостон победи на крилјата на дуото Тејтум-Браун кои постигнаа по 35 поени, а гостите од Филаделфија играа подобро само во првиот период, по кој Селтикс ја преземаа иницијативата. Харден со 35 и Ембид со 26 се најдобри реализатори за Филаделфија на премиерниот дуел во новата сезона.