Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Кливленд со убедливи 113:91 и поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот во НБА лигата.
Ниту бранителот на трофејот не беше способен да ја запре победничката серија на „воините“ која трае од почетокот на плеј-офот и која изнесува 13 победи во низа.
Клучна за победата беше серијата од 13-0 која Голден Стејт ја направи на почетокот од второто полувреме.
Предводник до триумфот на својот тим беше Кевин Дурант со 38 поени и по осум скокови и асистенции. Голем удел во победата имаше и Стеф Кари кој запиша дабл-дабл ефект 28 поени и 10 асистенции надополнети со шест скока.
Во поразениот тим Леброн Џејмс се истакна со 28 поени, 15 скока и осум асистении, Кајри Ирвинг реализира 24 поени.
Финалната серија која се игра до четири победи продолжува ноќта меѓу недела и понеделник (почеток 2 часот).
“They are capable. They can step up and play better.” – @realgranthill33 on @cavs defense which ranked 22nd in the regular season #NBAFinals pic.twitter.com/vkCXPJG3nx
— NBA TV (@NBATV) June 2, 2017