![lebron zejm klivlend kavalirs](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/lebron-zejm-klivlend-kavalirs.jpg?resize=624%2C480&ssl=1)
Клеј Томпсон постигна „тројка“ на минута и пол до крајот, а Kевин Дјурент го блокираше Леброн Џејмс на 24 секунди пред крајот, па Голден Стејт Вориорс ноќта кон вторникот ги совладаа Кливленд Кавалирс со 99:92, со што ја остварија 13-та победа во последните 13 натпревари.
Кевин Дјурент го заврши натпреварот со 25 кошови, 7 скокови и 5 блокади. Вориорс го играа осмиот натпревар по ред без двојниот МВП на лигата, Стефен Кари кој го повреди зглобот. Клеј Томпсон за Голден Стејт додаде 24 кошови, а Дејмонд Грин запиша „трипл-дабл“ со 12 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Кај Кливледн, пак, Кевин Лав постигна 31 кош, од кои 6 „тројки“, додавајќи притоа 18 скокови, додека Леброн Џејмс постигна 20 поени со по 6 асистенции и скокови.
Оклахома Сити Тандерс со 112:107 беа подобри од Хјустон Рокитс, а Расел Вестбрук постигна 31 кош со 11 асистенции во победата на својата екипа.
Пол Џорџ додаде 24 поени, а Кармело Ентони уште 20 за Тандерс, на коишто ова има е петта последователна победа. Оклахома Сити имаше шут од игра од 54,4 отсто.
Џејмс Харден ги предодеше Рокитс со 29 кошои, додека Тревор Ариза и Ерик Гордон додадоа секој по 20 поени.
Минесота Тимберволфс синоќата со 121:104 ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс во нинивот „Стејплес сентер“, што е нивната петта последователан победа.
Најдобар стрелец кај победничката екипа беше Џими Батлер кој постигна 23 погодоци, Карл-Ентони Тоунс додаде 21 поен со 10 скокови. Кај Лејкерс Кајл Кузма со 31 кош беше предводник на тимот.
Вашингтон Визардс славеа против водечката екипа во Источната конференција, Бостон Селтикс, а до победата ги водеа Бредли Бил со 25 кошови и Џон Вол со 21 поен и 14 асистенции. Ото Потер Џуниор додаде 20 кошови, а Кели Оубри Џуниор уште 16 за Визардс.
За Бостон ова е трет пораз во последните четири натрпеавр. Кајри Ирвинг и Џејсон Тејтам уфрлија секој по 20 кошови, а Тери Росиот додаде 16 поени.