Голден Стејт подобар од Сакраменто во меч со рекорден број „тројки“

Лидерот на Голден Стејт, Стеф Кари, реализирашњ 10 „тројки“ и мечот го заврши со 42 поени во победата на акруелните шампиони со 127:123 во салата на Сакраменто во средба од регуларната сезона на НБА.

Дуелот скрши неколку рекорди за успешен шут од дистанца, откако двата тима реализираа досега невидени 41 „тројка“, а домаќините првпат во историјата постигнаа 20 „тројки“ во еден натпревар.

Кевин Дурант додаде 29 поени и 9 асистенции за гостите. Бредли Хилд постигна 32 поени за Сакраменто, а Џастин Џексон додаде 28, но домаќините прокоцкаа предност од 103:96 по првите три дела.

Резултати од НБА:

Денвер – Шарлот 123:110
Детроит – Јута 105:110
Филаделфија – Далас106:100
Кливленд – Њу Орлеанс 98:133
Милвоки – Торонто 116:123
Сан Антонио – Мемфис 108:88
Портланд – Хјустон 110:101
Сакраменто – Голден Стејт 123:12