Голем геоглиф на мачка која се одмара е откриен во перуанската пустина Наска. Насканските линии, културно наследство под заштита на УНЕСКО, познати како и геоглифи, се големи цртежи врежани во камениот терен на пустината, а настанале пред 2000 години.
Научниците веруваат дека фигурата на мачката, како и во случаите на другите цртежи на животни во пустината, настанале со длабење во камениот терен на пустината Наска, пишува BBC.
Илјадници врежани линии, со шаренолики форми и големи биоморфни ликови во форми на мајмуни, колибри, кондори, гуштери, пајаци, лами…., се импозантна и сосема неразјаснета тајна од дамнешното минато. Можно е да се видат само од воздух или од некое повисоко место.
Новооткриениот цртеж на мачка останал незабележан сѐ до неодамна кога градежниците правеле планови за градење нов пат кој треба да води до возвишување. Кога ќе се изгради, овој видиковец ќе овозможи поглед на другите геоглифи во Наска.
„Фигура беше одвај видлива и само што не исчезнала, бидејќи се наоѓа на многу стрмна падина која е склона на природна ерозија“, се наведува во соопштението на перуанското министерство за култура и се додава дека геоглифот, долг околу 37 метри, е исчистен минатата седмица.
Џони Исла, главниот перуански археолог за линиите во Наска, за новинската агенција EFE рекол дека мачката настанала пред културата на народот Наска, кој ги создал повеќето фигур од 200 до 700 година на новата ера.
Вели дека всушност потекнува од доцната ера на култураа Перакаса, која траеле од околу 600 година пред Христа до 200 година од новата ера во долините Чинча, Писко и Ика, јужно од главниот град Лима.
„До ова сознание дојдовме споредувајќи ги иконографијата. На пример, текстилот од Перакаса прикажува птици, мачки и луѓе кои може едноставно да се спореди со овие геоглифи“, вели Исла.