Голем број деца и бремени жени во Газа немаат основни потреби за исхрана

УНИЦЕФ денеска објави дека повеќето мали деца и бремени жени во Појасот Газа не се во можност да ги задоволат своите основни нутритивни потреби.

Резултатите од истражувањето на УНИЦЕФ, објавено денеска, покажуваат дека 90 отсто од децата на возраст под две години јадат по две или помалку порции храна секој ден, главно млеко и леб, а четвртина од трудниците јадат само една.

Претставници на ОН претходно изјавија дека секој четврти жител на Газа гладува.

Околу 200 камиони со хуманитарна помош влегуваат во Газа секој ден, што е помалку од половина од бројот на камиони пред војната.

УНИЦЕФ предупреди дека бројот на случаи на дијареа кај деца под пет години е зголемен од 48.000 на 71.000, што е показател за лошата исхрана.