
Голем број сириски бегалци чекаат да преминат во Албанија, изјави денеска албанскиот министер за интеграција Клајда Ѓоша, пренесува МИА.
Министерот додаде дека собирањето бегалци на албанско-грачката граница најверојатно е резултат на одлуката на Македонија од минатиот викенд да го стопира примањето на авганистански мигранти од Грција, како и да воведе построга контрола за Сиријците и Ирачаните.
Ѓоша не наведе прецизно за колкав број мигранти станува збор.