
Масовен број битолчани и денеска излегоа на Широк Сокак за да дадат поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Граѓаните на Битола масовно се собраа да кажат ДА за избори и НЕ за деструкциите на СДСМ и Зоран Заев.
„За Македонија се работи“ порачаа илјадници граѓани на мирниот собир. Бараат одржување на избори на 5 јуни со цел излез од кризата и нормализирање на состојбата во Македонија.
Битолчани велат дека само на мирен начин, без насилство и демократски преку избори може да се надмине кризата предизвикана од СДСМ.