Над девет илјади лица попладнево се собраа во централното градско подрачје на Струга со цел да му дадат поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција „За поодбра Македонија“.
Караванот митинзи започна вчера со масовниот митинг во Охрид каде што присуствуваа околу 50 илјади граѓани.
Овие митинзи се одлична можност, но и начин граѓаните одблизу да се запознаат со претседателскиот кандидат, неговата програма, планови и цели, а од друга страна и да ја изразат својата поддршка за престојните претседателски избори.