Голем дефект на цевковод во Битола, градот без вода за пиење

Голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица во Битола го остави градот без вода за пиење.

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“ информираа дека во текот на денот без вода за пиење ќе биде поголем дел од градот, односно до санирање на дефектот за чие решавање се ангажирани повеќе екипи на претпријатието.