Португалскиот ас Кристијано Роналдо, одлучи својот ланец на хотели да го претвори во болници во битка за коронавирусот.
Играчот на Јувантус поседува хотели во Поругалија, Франција и Шпанија, а сега тие хотели ќе ги претвори во болници за лечење на заразени од коронавирусот.
Роналдо оди и подалеку, што се согласил и самиот да плаќа доктори и останат медицински персонал во тие хотели, пренесува „Марка“.
Еден од најдобрите играчи поради коронавирусот се наоѓа во домашна изолација во Мадеира, со огле дека е заразен неговиот соиграч Даниеле Ругани.
Познато е дека Португалецот е хуманитарец, и досега неколку пати има помогнато на граѓаните ширум Светот кога се случуваа катастрофи. Неговата мајка пред неколку години го победи ракот, а Роналдо се реши да донира 100.000 евра на болницата која ја лечеше.