Јарец
Љубов: Ништо нема да ви се допаѓа повеќе од чувството на слобода во текот на 2016 година. Ако сте сингл, ќе си ја цените слободата повеќе отсекогаш, па единствено би го промениле вашиот љубовен статус доколку пронајдете лице кое ги исполнува сите ваши критериуми.
Јупитер, планетата на оптимизмот, повеќе од 8 месеци ќе патува во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата. Најубавите романтични моменти за вас ќе се случуваат подалеку од дома. Можно е често да бегате од реалноста со саканиот, приредувајќи си викенд или еднодневни патувања. Некои сингл јарци ќе паднат на шармот на лице од друга држава.
Прекрасна вест за вас е што Венера, планетата на љубовта и убавината, оваа година двапати ќе го посети вашиот знак – од 17 февруари до 12 март и од 7 декември до крајот на годината. Шармот ќе ви стане заштитен знак, а насмевката секојдневие. Ако некој оваа година може да се доближи до претставата на луѓето за совршеност, тоа ќе бидете несомнено вие.
Некои јарци кои се во врска ќе си ги подобрат односите со партнерот, затоа што Венера ќе ги турка кон компромиси и разговори во кои преовладува разбирање, а не тврдоглавост.
Сатурн, вашата планета владетел, цела година ќе ве набљудува од вашиот сектор на завршетоците и ослободувањето, терајќи ве да им ставите крај на сите врски кои ве измачуваат и да се отворите за нови, поубави. Ако врската ви станала загушлива или сте престанале да го гледате партнерот со искра во очите, учителот Сатурн ќе ве поттикне да ставите точка на тоа поглавје и да свртите нов лист. Но, доколку сте среќни во врската, Сатурн ќе ви донесе исполнување на фантазиите, кои ќе ви бидат поживописни отсекогаш.
Среќниот Јупитер на 9 септември влегува во вашата 10-та куќа на мажите. Доколку дотогаш не сте пронашле лице во чија топла прегратка ќе ги минувате студените последни месеци од годината, Јупитер ќе ви приреди многу можности за тоа. Сепак, предуслов за да влезете во врска ќе биде таа да има потенцијал да трае долго време. Авантурите за една ноќ нема да ве привлекуваат воопшто.
Плутон, планетата на трансформацијата, е на половина од своето 16-годишно патување во вашиот знак, а нему на 27 септември ќе му се придружи и сексапилниот Марс. У-ла-ла… зарем тоа сте навистина вие? Ќе се претворите во вистинска заводничка која нема намера да отстапи од центарот на вниманието.
Работа и пари: Ќе ги раширите вашите хоризонти и често ќе нуркате во непознати бизнис области во текот на првите 8 месеци од 2016 година, за на крајот од годината да ги ожнеете плодовите од вашите ризични потези. До 9 септември Јупитер, планетата на оптимизмот и среќата, ќе патува во вашата 9-та куќа на експанзијата и ризикувањето, зголемувајќи ја веројатноста оваа година да започнете сопствен бизнис, да реализирате ваш бизнис план или да ја проширите вашата фирма. Јупитер е и планета на патувањата и образованието, па некои јарци ќе одлучат за го продолжат своето образование во странство.
Амбициозниот Сатурн ќе ја помине цела година во вашиот сектор на одморот и завршетоците. Често ќе чувствувате дека ви недостига енергија и ќе го намалите темпото на работа, но секој успех кој ќе го постигнете ќе го цените и славите. Сатурн ќе ве научи дека добриот одмор понекогаш е најдоброто нешто кое можете да ги го подарите себеси.
Новата година ќе биде особено успешна за лицата вработени во областа на медицината.
Енергичниот Марс оваа година ќе посети само неколку знаци. Од 3 јануари до 6 март и од 27 мај до 2 август црвената планета ќе престојува во вашата 11-та куќа на поврзувањето. Претпочитајте ги тимските проекти и работата во групи, бидејќи луѓето ќе ве мотивираат и ќе ви ја зголемуваат амбициозноста. Ќе ја користите секоја можност за заработка по 27 септември, кога Марс ќе премине во вашата куќа на работата и парите.
Не се обидувајте да се сопрете себеси во последните 4 месеци од годината. Откако Јупитер на 9 септември ќе премине во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, ќе бидете незапирливи. Аплаузи, признанија и бонуси ќе ви го исполнат крајот на годината.
Здравје: Одморете го вашето тело и ум. Сатурн, вашата планета владетел, цела година ќе патува во вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците, учејќи ве дека не треба постојано да се фокусирате на надворешниот свет игнорирајќи како се чувствувате внатрешно. Престанете да ги редите обврските во вашиот распоред како лампиони на новогодишната елка и оставете си простор за релаксација.
На 5 јуни настапува млада месечина во близнаци, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Исфрлете ги газираните пијалаци, ограничете ги слатките задоволства и наполнете ја количката за пазарување со здрави намирници. Секоја навика која ќе ја создадете околу овој датум, ќе се подобрува во следните шест месеци, а кулминација ќе доживее непосредно пред следната Нова година.
Енергичниот Марс ќе му се придружи на Сатурн двапати оваа година – од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември, поттикнувајќи ве да го свртите вашиот фокус кон симптомите кои ви ги покажува вашето тело. Можеби имате здравствен проблем кој некое време го игнорирате? Време е да престанете и да ги направите потребните прегледи.
Водолија (повеќе на следната страница…)