Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Водолија

Љубов: Страсни авантури, романтични состаноци, но и завидливи погледи ќе ви ја исполнат годината која доаѓа. Ќе бидете многу пребирливи кого ќе пуштите покрај себе, но оние кои ќе ги сместите во вашето срце, ќе останат таму засекогаш.

Среќната планета Јупитер повеќе од осум месеци ќе патува во вашиот сектор на интензивните чувства и интимноста, правејќи да се чувствувате како најпосакувана личност на светот, независно од вашиот љубовен статус. Јупитер подобрува сè што ќе допре по патот, а сега е на ред вашата врска и желбата за интимност. Одеднаш ќе го замените зборот „јас“ со „ние“ и ќе станете едно со партнерот.

Доколку не сте во врска, ќе пронајдете личност која ќе прави да се чувствувате комплетно. Сè што сте сакале да промените кај себе, ќе го видите во таа личност. Во животите на многу водолии годинава ќе пристигне нивната сродна душа.

Подготвени сте да ја слушнете најубавата вест? Венера, планетата на љубовта и убавината, оваа година двапати ќе го посети вашиот знак, давајќи ви шарм да го покорите светот. Од 7 до 19 декември Венера ќе танцува романтичен танц со својот космички партнер Марс. Најстудените месеци ќе бидат најжешки за вас.

Вие сте личност која е позната по модерниот и среден изглед, но сега Венера ќе ве направи вистинска модна икона. Секој ден ќе изгледате како да сте избегале од фотосесија, а можно е и да експериментирате со посекси стил од вообичаено. Луѓето ќе ви се одушевуваат, а вие ќе се забавувате додека ги гледате како ве меркаат.

Сексапилниот Марс уште повеќе ќе ги потенцира најубавите ваши црти по 9 ноември, кога ќе влезе во вашиот знак. Не се изненадувајте ако сте посмели во стрелањето со погледи на лицата коишто ви се допаѓаат и ако отворено признавате дека сте заљубени. Марс ќе им донесе жешки интимни моменти во спалната на оние водолии кои се во врска или во брак.

Строгиот Сатурн цела година патува во вашата друштвена 11-куќа, учејќи ве дека тоа што сте во врска не значи да ги занемарите средбите со вашите пријатели. Ако сте сингл, не одбивајте ниту една покана за излегување. Ништо нема да ве прави посреќни од големите групи на луѓе, а колку повесели ќе бидете, толку повеќе лица ќе посакаат да бидат дел од вашиот живот и толку повеќе додворувачи ќе имате.

Одете на романтично патување со саканиот по 9 септември. Јупитер, планетата на среќата, тогаш започнува 13-месечно патување во вашата 9-та куќа на авантурите и слободата. Ништо нема да ви ја зајакнува заемната доверба и разбирање како малите слатки бегства од секојдневието.

Ако сте сингл, во последните четири месеци од годината бидете посмели во љубовта. Дозволете си да се заљубите во прекрасен странец или во лице кое го сместувавте во кошот со натпис „не е мој тип“. Среќата и среќната планета ќе бидат на страната на храбрите.

Работа и пари: Инвестирајте заедно со други лица во првите 8 месеци од 2016 година, бидејќи така се поголеми шансите да ги постигнете вашите финансиски цели. Среќниот Јупитер до 9 септември престојува во вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, поттикнувајќи ве да оформувате стратегиски сојузи за да си ја зголемите цифрата на банкарската сметка.

Јупитер не е единствената планета која навива за да работите во тим или партнерство. Сериозниот Сатурн цела година патува во вашата 11-та куќа на групните активности и поврзувањето, поттикнувајќи ве често да изговарате „Сите за еден, еден за сите!“ Колегите одеднаш ќе ви станат незаменлива поддршка. Учителот Сатурн ќе ви ја покаже и важноста на технологијата и ќе ве натера почесто да ги користите придобивките на модерното време. Користете го интернетот како свој сојузник.

Вие сте хуманитарецот на хороскопот, а присуството на Сатурн во вашата 11-та куќа може да ви создаде одличен имиџ доколку одлучите да поддржите акција која би имала позитивни ефекти во вашето место на живеење.

Амбициозниот Марс двапати оваа година ќе му се придружи на Сатурн во вашата куќа на тимската работа – од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември. Ќе сретнете лице со исти ставови и идеи како вашите кое ќе стане ваш деловен сојузник. Со него многу пати ќе ги кренете чашите и ќе наздравите за заедничките победи.

Ако сакате да започнете свој личен проект, направете го тоа околу 8 февруари. Тогаш настапува млада месечина во вашиот знак, охрабрувајќи ги новите почетоци.

Здравје: Годинава која доаѓа ќе ве поттикне да го негувате вашето тело не само надворешно, туку и внатрешно. Оптимистичкиот Јупитер до 9 септември ќе престојува во вашата 8-ма куќа на детоксикацијата и духовната преродба. Како феникс ќе се издигнете од пепелта и ќе блеснете со нова енергија. Претпочитајте ги чаевите, зеленчукот и овошјето пред газираните пијалаци и мрсната храна.

Плутон, планетата на трансформацијата, е на половина од своето 16-годишно патување во вашата 12-та куќа на одморот, лекувањето и ослободувањето. Свртете го рефлекторот кон сенките во вашиот живот кои ви предизвикуваат немир и соочете се со нив за никогаш повеќе да не ве прогонуваат. Присуството на Марс во вашиот сектор на одморот ќе ве поттикне во текот на октомври да си го дадете потребниот 8-часовен сон.

Енергијата ќе струи низ вашето тело од 9 ноември до 19 декември, благодарение на престојот на црвената планета Марс во вашиот знак. Не ја чекајте другата година за да ги зачестите вашите тренинзи. Започнете да ги реализирате вашите ветувања.

Риби (повеќе на следната страница…)