Бик
Љубов: Оваа година ќе биде исполнета со страст, романтични изненадувања, моменти на безгрижност и успешни флертувања. Ако во текот на 2015 година често се чувствувате нерасположено и се однесувавте интровертно, сега тоа ќе биде избришано од желбата за забава и потрагата по задоволство. Под влијание на Јупитер и Сатурн, кои ќе престојуваат во две од вашите најромантични куќи, љубовта ќе ви стане преокупација.
Романса, страст и гламурозен изглед ќе ви донесе среќната планета Јупитер, која до 9 септември ќе престојува во девица, вашата 5-та куќа на забавите и задоволствата. Температурата во вашата врска ќе го достигне максимумот, па страсните моменти во спалната соба често ќе ве тераат да се прашувате дали сонувате.
Под чадорот на Јупитер, многу бикови ќе се израдуваат на позитивен тест за бременост, бидејќи 5-тата куќа управува и со плодноста.
Секој ден, без исклучок ќе изгледате како да сте излегле од модно списание и неретко ќе се фаќате себеси како ја комбинирате облеката пред огледалото. Никој нема да може да ви одолее, па ако сте сингл, очекувајте море од обожаватели. Сепак, потребно е да избегнувате да им судите на другите по изгледот.
Заборавете на играњето на сигурно во 2016 година. Авантуристичкиот Јупитер ќе ве поттикне сè почесто да ризикувате. Не се плашете да го направите првиот чекор кон личноста која ви се допаѓа или први да кажете „Те сакам“.
Имајте предвид дека Јупитер се движи ретроградно од 7 јануари до 9 мај. Во овој период можно е во вашиот живот да се врати ваш поранешен партнер или конечно да ги погледнете позитивните карактеристики на додворувач кој упорно сте го оттурнувале од себе.
Благодарение на целогодишниот престој на Сатурн во вашата 8-ма куќа, вашата врска ќе продолжи да цвета, правејќи го вашиот живот бајка. Зрелоста и понатаму ќе присуствува во односите меѓу вас и саканиот. Сатурн преку строги лекции ќе ви покажува дека треба да работите како тим со партнерот и ќе ве поттикне да го замените зборот „јас“ со „ние“.
Доколку изберете да влезете во врска, бидете подготвени да останете долго во неа. Љубовните статуси создадени оваа година тешко ќе можат да бидат променети, па избирајте го својот партнер внимателно. Иако Јупитер често ќе ве фрла во љубовен занес, Сатурн ќе ви го чува грбот за да се увери дека нема да завршите во прегратка на погрешна личност.
На 30 април ќе ја разбудите заводничката во себе, па светот ќе се поклони пред вашата убавина. Тогаш Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе го посети вашиот знак, потсетувајќи ве дека можете да добиете сè што ќе посакате доколку правилно го искористите својот шарм.
Сексапилниот Марс во најголем дел од годината ќе се движи низ вашите 7-ма и 8-ма куќа, кои управуваат со врските. Уживајте во љубовната идила.
На 1 септември настапува млада месечина во девица, вашата страсна 5-та куќа, а тогаш ќе се случи и затемнување на сонцето. Ќе започнете да пишувате ново љубовно поглавје кое ќе ви го промени животот.
Работа и пари: Наплаќајте за вашата креативност во текот на 2016 година. Оптимистичкиот Јупитер до 9 септември ќе патува во вашата 5-та куќа, ставајќи неверојатни идеи во вашата глава, кои доколку соберете храброст да ги реализирате, ќе ви донесат огромна заработка.
На работното место очекувајте многу забавни моменти и смеења до солзи предизвикани од вашиот весел дух. Колегите ќе ве обожаваат затоа што ќе знаете да најдете светлина и во најтемната ситуација. Шармот ќе ви биде силен адут на работното место.
Организираноста и сериозноста повторно ќе се вселат во вашата канцеларија на 9 септември, кога Јупитер ќе премине во вага, вашата 6-та куќа на организираноста и аналитичкото размислување.
Строгиот Сатурн ќе ја помине цела година во вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, поттикнувајќи ве да работите заедно со партнер ако сакате да успеете. Најубавите и најскапоцени лекции ќе ги научите кога создавате пресметани деловни сојузи. Размислувајте долгорочно и најдете начин како најмудро да ги инвестирате парите коишто ги поседувате.
Додека Сатурн престојува во стрелец, тоа е и период за учење и надградување на вашето знаење. Запишете се на курс кој ќе ви помогне да напредувате во работата или започнете да учите нов странски јазик. Движете се со умерено темпо.
На 6 мај настапува млада месечина во вашиот знак. Смело ќе се насочите кон нов почеток, независно дали тоа е нова област на работење или работа во друга држава. Најслаткиот плод од тој ваш чекор ќе го соберете на 14 ноември, кога ќе настапи полна месечина во вашиот знак.
Здравје: Време е целосно да го прочистите вашето тело. Строгиот Сатурн цела година ќе престојува во вашата 8-ма куќа на детоксикацијата, поттикнувајќи ве почесто да се насочувате кон режими на исхрана кои ќе ви дадат чувство на леснотија. Чаевите и водата треба да ви станат најдобри сојузници.
Ќе започнете интензивно да вежбате или ќе фрлите огромен емоционален товар кој ви го крадел оптимизмот на 23 март. Тогаш ќе се случи целосно затемнување на Сонцето во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Целото ваше внимание ќе се сврти кон здравјето. Можно е да донесете одлука да престанете да пушите или да ги направите лекарските прегледи кои долго време ги одложувате.
На 9 септември среќниот Јупитер преминува во вага, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Јупитер престојува тука еднаш на 12 години, па потребно е максимално да го искористите периодот до октомври 2017 за да создадете трајни здрави навики.
Близнаци (повеќе на следната страница…)