Лав
Љубов: Годинава е година на лавовите. Јупитер, планетата на среќата, во првите 8 месеци од годината ќе престојува во вашата 2-ра куќа и постојано ќе ви приредува можности за заработувачка, но во ниту еден момент нема да ја поттурнете љубовта на заден план.
Јупитер помина најголем дел од 2015 година во вашиот знак, носејќи ви големи промени и подарувајќи ви огромен оптимизам. Ако тогаш често излегувавте од вашата сигурна зона без да мислите на последиците, среќната планета во 2016 година ќе ве поттикнува да преминете од дивата страна на животот во златната средина.
Ќе ве привлекуваат лица кои зборуваат со зрелост и сериозност, а стабилната врска ќе биде „новото секси“ за вас. За многу лавови 2016 година ќе го означи почетокот на прекрасна долгорочна врска. Огромната самодоверба ќе ви ја исправи главата и ќе ви го направи одот доминантен. Ако сте во врска, ќе бидете движечката сила во неа и партнерот нема да носи ниту една одлука без да ве ислуша.
Јупитер не е единствената планета на небото која ќе навива за да влезете во врска или за да ја однесете веќе постоечката на следното ниво. Сатурн ќе ја помине цела година во вашата 5-та куќа на страста, флертувањето и плодноста, а нему дури двапати ќе му се придружи Венера, планетата на љубовта и убавината.
Додека Венера ќе ве тера да флертувате како да нема утре во текот на јануари и октомври, Сатурн ќе ве потсетува да се однесувате зрело. Не се состанувајте само за да кажете дека има некој во вашиот живот, туку за да бидете среќни. Барајте некој кој може да ви го даде тоа чувство.
Најжешките месеци од годината ќе бидат уште пожешки со романтичната Венера во вашиот знак. Ќе бидете најпосакуваната личност на секоја забава, а ретко кој ќе може да ги тргне очите од вас во текот на летото. Внимание ќе добивате повеќе одошто ќе можете да поднесете.
И сексапилниот Марс ќе придонесе за вашиот магнетизам. Тој двапати оваа година ќе го посети вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Еднаш од 6 март до 27 мај и повторно од 2 август до 27 септември. Додека некои лавови ќе им се радуваат на многубројните додворувачи, а други ќе организираат романтични бегства со саканиот, трети ќе добијат прекрасна вест за бременост.
Доколку сте претпочитале да ја зачувате новата врска или свршувачка подалеку од очите на јавноста, на 9 ноември тоа ќе се промени. Со гордост ќе го покажете партнерот или прстенот на раката пред светот.
Работа и пари: 2016 година ќе се покаже како една од најбогатите години за вас, благодарение на 8-месечното присуство на Јупитер, планетата на среќата, во вашата 2-ра куќа на финансиите и работата. Среќата ќе ги следи храбрите и оние кои знаат да ризикуваат, а вие сте експерт во тоа. Сепак, имајте на ум дека како што ќе растат вашите примања, така ќе растат и вашите обврски.
Бидејќи Јупитер е планета која управува со далечните патувања, можно е да ви се пружи можност да заминете на работа во странство или да ја напуштите вашата татковина. Одржувајте контакт со лицата кои се на голема физичка оддалеченост од вас, не можете да знаете кога ќе ви притребаат.
Сериозниот Сатурн ќе ја помине цела година во вашата креативна 5-та куќа на самоизразувањето. Ќе добивате огромна поддршка од колегите при изразувањето на вашите идеи, но во ниту еден момент не смеете да згазнете на нивното его за да успеете. Сатурн ќе ве зближи со искусно лице кое ќе стане ваш ментор и кое ќе ве научи на скапоцени деловни лекции.
На 6 март на Сатурн ќе му се придружи и амбициозниот Марс во вашиот сектор на креативноста и прославувањето. Дозволете си погламурозен изглед кога ја кревате чашата за да наздравите за вашите професионални успеси. Ќе ги имате во изобилие.
Не ги пропуштајте настаните организирани во вашето место на живеење, а кое се поврзани со вашата област на работа по 9 септември. Среќниот Јупитер, кој тогаш влегува во вашата комуникативна 3-та куќа, ќе ве спои со неверојатни инспиративни личност токму на таков настан.
Здравје: Во 2016 година ќе престанете да велите „Ништо не може да му наштети на моето здравје“ или „Една цигара не е ништо“ и со огромна посветеност ќе започнете да плетете мрежа од здрави навики. Јупитер, планетата на оптимизмот, ќе ги помине првите 8 месеци од годината во вашата 2-ра куќа на секојдневните навики и самодовербата, охрабрувајќи ве да ги направите промените кои долго време ги одложувавте.
Прогласете се за вистински среќник. Уште на почетокот на годината настапува млада месечина во јарец, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. 10 јануари е одличен ден за да си поставите високи цели или да си купите нова спортска опрема која ќе ве мотивира почесто да вежбате.
Плутон, планетата на трансформацијата, со години е ваш сојузник на здравствен план, а нема да ве напушти уште цели 8 години. Оваа планета е на половина од своето 16-годишно патување во јарец, вашиот сектор на здравите навики. Одлучно ќе ги исфрлите сите извори на стрес од вашиот живот, знаејќи дека тие можат најмногу да го нарушат вашето здравје.
Девица (повеќе на следната страница…)