Девица
Љубов: Слободниот дух и независноста ќе ви станат најважни во годината која доаѓа. Авантуристичката планета Јупитер, која до 9 септември ќе престојува во вашиот знак, ќе ви ја зголеми љубовта и грижата за себе. Јасно ќе потенцирате дека иако сте во врска, вие имате свој личен живот кој не е поврзан со оној на партнерот. Вие сте грижлива и пожртвувана личност, но повеќе нема да дозволувате вашите желби, цели и потреби да бидат на заден план. Тие ќе станат фактор кој не смее да биде игнориран.
Многу сингл девици ќе се дистанцираат себеси од започнување на сериозна љубовна врска, зашто нема да сакаат да ја изгубат својата скапоцена слобода. Сепак, недостижноста ќе ги направи уште попривлечни за претставниците на спротивниот пол.
За разлика од Јупитер, кој безгрижно ќе ве фрла од една во друга авантура, сериозниот Сатурн ќе ве потсетува дека имате семејство кое мисли на вас и дом кој се стоплува со вашата позитивност. Планетата-учител Сатурн ќе ја помине цела година во вашата фамилијарна 4-та куќа, учејќи ве да не ги земате најблиските роднини здраво за готово. Многу девици ќе ја откријат магичната страна на родителството.
Летниот период ќе ви ги донесе најубавите денови во љубовта. На 5 август Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе го посети вашиот знак и ќе ви ја зголеми привлечноста и нежната игривост.
Романтичната планета Венера двапати оваа година ќе ја посети вашата 5-та куќа на романсата и флертувањето. Купидон многупати ќе ги насочи стрелите кон вас.
Бум! Страста ќе експлодира во вашиот живот од 27 септември до 9 ноември кога сексапилниот Марс ќе започне да танцува рамо до рамо со Плутон во вашата романтична 5-та куќа. Само напред, ставете ги своите најсекси чевли и покажете му на светот зошто луѓето ве стрелаат со комплименти.
Таинствениот Нептун, кој од 2011 година патува во риби, вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, ќе ве потсети дека треба да престанете да се обидувате да контролирате сè на љубовен план. Ќе научите да создавате магија без да го превртувате наопаку сопствениот живот и животот на саканата личност.
Ретроградното движење на оваа планета кое ќе започне на 13 јуни и ќе трае до 20 ноември ќе ве научи дека безрезервната доверба во луѓето може да биде нож со две острици.
На 9 септември Јупитер ќе влезе во вашата 2-ра куќа на стабилноста и самодовербата. Ќе започне период во кој ќе трагате по зрела и стабилна личност на која ќе можете да се потпрете во секоја ситуација. Наместо да летате од една во друга љубовна авантура, ќе се насочите кон започнување на долга врска.
Работа и пари: Ќе бидете непобедливи на професионален план во текот на 2016 година. Среќната планета Јупитер цели 8 месеци ќе престојува во вашиот знак, а на 9 септември ќе се пресели во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Ќе бидете убедени дека можете да ги достигнете ѕвездите ако сакате, зашто самодовербата ќе ви биде огромна.
Ова е прва посета на Јупитер во вашиот знак од 2004 година наваму, па искористете го неговото присуство за да ги реализирате вашите идеи и лични проекти. Престанете да се жртвувате за други лица и да се притајувате во туѓа сенка за да им помогнете на другите да блеснат. Наместо тоа, земете го микрофонот в рака и започнете да зборувате. Лидерската позиција ви е на дофат, од вас зависи дали ќе ја зграпчите или не.
Сериозниот Сатурн ќе ја помине цела година во вашата 4-та куќа, зголемувајќи ја вашата потреба од сигурност. Размислете како можете да ги претворите вашите брилијантни идеи во одржлив бизнис. Женска фигура можно е да одигра важна улога во вашата кариера оваа година. Со неа ќе извојувате многу победи со кои ќе се гордеете.
Во последното тримесечје од 2016 можно е да ви се пружи одлична можност да отпатувате во странство или да создадете контакти со лице од друга држава кои ќе ви помогнат да го проширите вашиот бизнис зад граница.
Здравје: Грижата за вашето тело ќе ви биде меѓу приоритетите во првите осум месеци од годината.
Под влијание на Јупитер, планетата на оптимизмот, која до 9 септември ќе престојува во вашиот знак, ќе направите драстични промени не само во начинот на којшто изгледате, туку и во вашите манири. Стегнатото тело и позитивниот став кон животот ќе внесат магија во секој дел од вашиот живот.
Целогодишното присуство на строгиот Сатурн во вашата сентиментална 4-та куќа ќе ве поттикне да работите на комплекс кој го носите со себе од детските денови или да се соочите со проблем кој го имате со вашата мајка.
Енергијата ќе ве поткрева од столчето и секојдневно ќе ве води кон најблискиот парк или кон спортската сала по 9 ноември. На тој датум енергичниот Марс ќе започне 5-неделно патување во водолија, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Ќе престанете да смислувате изговори за физичката неактивност и ќе се инспирирате од луѓето кои ве одушевуваат со здравиот начин на живот.
Под влијание на Марс, на крајот на годината ќе одлучите да се соочите со здравствен проблем кој сте го игнорирале претходно.
Вага (повеќе на следната страница…)