Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Скорпија

Љубов: Дружења, финансиска независност, слобода и романтични моменти под ѕвездите – 2016 уште повеќе ќе го потенцира вашиот силен карактер и ќе ги зацврсти вашите пријателства. Гласот ќе ви биде моќен, па нема да се плашите да го користите. Ќе ги отворите вратите на вашето друштво и во него ќе влезат лица кои ќе ве одушевуваат со своите карактери. Толку блиски, а толку различни.

Ако решите да го подарите некому вашето срце оваа година, ќе ја сакате таа личност безусловно.

Уште од почетокот на годината ќе плените со својот сексапил и харизма, одбивајќи да го отстапите центарот на вниманието на друга личност. Жешкиот Марс дури двапати оваа година ќе го посети вашиот знак – од 3 јануари до 6 март и од 27 мај до 2 август, правејќи го заведувањето лесно како детска игра. Второто враќање на Марс во скорпија можно е да ве поттикне тајно да се состанувате со атрактивно лице. Во врска сте? Марс ќе ви го зголеми либидото и температурата во спалната соба. Присуството на Марс во вашиот знак за многу скорпии ќе донесе две цртички на тестот за бременост. Честитки!

Под влијание на среќниот Јупитер, кој повеќе од 8 месеци ќе престојува во вашиот сектор на пријателствата, често ќе ја напуштате домашната атмосфера со саканиот и ќе се приклучувате во луди забави. Ако претходната година се фокусиравте на кариерата, месеците кои доаѓаат ќе ве вратат во времето кога луѓето им се одушевуваа на вашиот забавен дух и отвореноста. Многу сингл шкорпии ќе ја пронајдат својата следна љубов за време на огромен собир со пријателите.

Во текот на цела година ќе чувствувате потреба од уверувачки зборови од саканиот дека засекогаш ќе бидете заедно. Строгиот Сатурн ќе ја помине цела година во вашата 2-ра куќа на стабилноста и секојдневните навики, учејќи ве дека пред да се обидувате да промените нечиј карактер, треба да го промените својот. Ќе сакате да бидете финансиски независни од партнерот и ќе го постигнете тоа без да им нанесувате удари на вашите односи.

Венера, планетата на љубовта, на 23 септември влегува во вашиот знак, носејќи ви месец полн со мали романтични моменти, љубовни состаноци и слатки експерименти.

Многу добро знаете дека таинственоста е ваш силен адут, но во 2016 година, таа ќе биде поизразена отсекогаш. Мистериозниот Нептун цела година е во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, правејќи ве загатка која многумина ќе сакаат да ја одгатнат. Поради ретроградното движење на оваа планета, можно е помеѓу 13 јуни и 20 ноември да се сретнете со ваш поранешен партнер или тој неочекувано да исконтактира со вас.

Веројатноста да пронајдете личност која ќе биде ваша сродна душа се зголемува по 9 септември, кога среќниот Јупитер ќе ја посети вашата 12-та куќа на сродните души. Сепак, не брзајте за да влезете во врска, туку дајте си време за да ја запознаете таа личност. Дванаесеттата е и куќа на илузиите, па можно е реално да не постои она што си мислите дека го гледате.

Работа и пари: 2016 година е период на соработки, создавање на деловни контакти и тимска работа. Успехот ќе ви зависи од бројот на луѓе кои ги познавате. Среќниот Јупитер ќе патува во вашата 11-та куќа на поврзувањето и тимската работа повеќе од 8 месеци, терајќи ве да ја оставите самостојната работа и да им се приклучите на групните проекти кои ветуваат и поголема забава.

Под влијание на Јупитер, планетата на технологијата, ќе се поврзете со лице од друга држава кое ќе одигра голема улога во вашата понатамошна кариера. Можно е да заминете на работа или усовршување во странство.

Сериозниот Сатурн ќе ја помине цела година во стрелец, вашата 2-ра куќа на богатството и парите, правејќи ве повнимателни со вашите финансии. Сатурн е за бавен, но стабилен напредок, па ако сакате да успеете под неговиот чадор, избегнувајте ги ризичните потези и научете да планирате. Барањето на кратенки кон успехот нема да се покаже како успешно. Создајте добар план за исполнување на вашите големи соништа.

Марс ќе ве направи незапирливи во првата половина од годината. Енергичната планета двапати ќе ги посети и вашиот знак и вашата втора куќа на работата и парите. Мотивацијата за работа ќе ви биде огромна, па не се изненадувајте ако ги оставите вашите колеги далеку зад вас. Игнорирајте ги озборувањата, зад добриот коњ секогаш се крева прашина.

Дајте си го потребниот одмор во последните 4 месеци од годината, кога Јупитер ќе ја посети вашата поспана 12-та куќа.

Здравје: Претпочитајте ги групните спортови и вежби пред тренинзите во домашна атмосфера. Јупитер, планетата на оптимизмот, до 9 септември ќе патува во вашата 11-та куќа на пријателствата и групните активности, па најмотивирани ќе бидете да вежбате или да се храните здраво доколку имате покрај себе партнер. Ако планирате да започнете со диета, кажете им го тоа на неколку доверливи лица кои ќе ве поддржуваат.

Иновативниот Уран цела година ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Кој вели дека вежбањето или здравата исхрана се здодевни? Вие ќе бидете жив доказ дека тоа мислење е погрешно. Ќе бидете кралица во кујната која постојано смислува вкусни и неодоливи јадења и со шеги и музика ќе си ги разнообразувате тренинзите.

Не, батериите ниту еднаш нема да ви се испразнат во првата половина од годината. Енергичниот Марс двапати ќе го посети вашиот знак, поткревајќи ве од креветот само што ќе седнете. Ќе ви се допаѓа да бидете активни, а резултатите од вашите тренинзи јасно ќе се гледаат на вашето тело.

Стрелец (повеќе на следната страница…)