Голем хороскоп: Што ве чека за време на владеењето на Рак?

Близнаци

bliznaci-znak-1Работа – Сакате да ја подобрите вашата положба и материјалниот статус. Имате прекрасна визија и доволно енергија така што новите случувања на работното место не сакате да ги препуштите на случајот, но со целиот ваш труд Меркур во вашиот знак го претставува и двоумењето и неопределеноста. До 30-ти јуни, додека не влезе во знакот Рак ќе трпи притисок од опозицијата со Сатурн и неможе да ги исполни сите негови добри особеносто до крај. Важно е на работите да им приоѓате селективно и да не се обидувате се да решавате одеднаш, за да ја сочувате контролата нас ситуацијата. Преиспитајте ги новите бизнис прилики и проценете колку се реални, вредни или исплатливи. Во текот на овој период се стекнуваат услови за подобрување на финансиската состојба во согласност со поволното влијание на Венера на полето на парите. Ако се занимавате со едукација или комуникации, ќе бидете во можност да напредувате. Исто така, периодот е поволен за сите оние што се занимаваат со недвижности. Можно решавање на станбеното прашање.

Љубов – Мошне сте упорни и сакате да ги остварите сите ваши љубовни намери дури и по цена некој повремено да ве оспорува или вие некого да повредите, но се во согласност со позицијата на Сатурн во полето што управува со сите видови партнерства. Немојте да бидете нетрпеливи, туку држете се до максимата: трпение – спасение. Ако сте млади или слободни, новите контакти и познанства, со поволниот аспект на Венера и Сатурн што стартува од 12-ти јули можна е една помалку возбудлива но стабилна љубовна романса. Некој од вашето блиско окружување во вас буди голем интерес и добро расположение и ве потсетува на претходните пријатни искуства. Меѓутоа, доколку сте зафатени не ви се советува да експериментирате со вашата врска и тајните комбинации, затоа што едноставно не е време за тоа…

Здравје – До крајот на јуни ретроградниот, потоа директен бавен Марс во вашето поле на болестите може да донесе разни видови инфекции, воспаленија и слични проблеми, во текот на целиот период. На најмалиот знак за проблем неопходно е да се обратите кај лекар.

За другите знаци повеќе на следните страници…