Голем хороскоп: Што ве чека за време на владеењето на Рак?

Лав

lav-znak-1Работа – Мошне сте креативни, имате прекрасни идеи и прилика да ги докажете вашите професионални способности во друштвото на соработниците. Освен тоа, планетите ви се наклонети па од 12-ти јули правете планови, а од наведениот датум почнете да ги реализирате. Слободно растргнете се на повеќе страни, затоа што во наведениот период Венера, а потоа и Меркур со влегувањето во вашиот знак потенцираат голем број прилики, идеи и договори и се останато што ќе го направи вашиот работен живот побогат и подобар. Условите во кои што се наоѓате делуваат променливо, но тоа нема да ве оневозможи да остварите позитивни резултати. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници ќе бара од вас добро да размислите пред да се одлучите на конкретните одговори или за крајниот избор. Немојте да дозволувате да ве вознемируваат некои споредни настани, да се концентрирате на вашите цели и активно да ги следите новите настани. Покажете добра волја и подготвеност на различни промени и на усовршување.

Љубов – Често имате впечаток дека сте во расчекор со партнерот. Можеби и до таа мерка што не останувате на истиот пат со истите услови. Затоа, разговарајте искрено за проблемите што го оптоваруваат заедничкиот живот. Доколку ве мачи дилемата за паралелната љубовна врска мора да знаете дека во овој период ситуацијата е мошне комплицирана, и дека лесно може да дојде до скандалозни ситуации. Секоја невнимателност во комуникацијата кога Меркур ќе влезе во вашиот знак би можела да провоцира решавање на проблемите. Ако сте млади или слободни вашето емотвно внимание го привлекуваат различни личности, што е сосема нормално ако се земат во предвид актуелните планети во периодов. Со секоја од нив можете да остварите дел од вашите интереси. Можно е да делите слични интереси, но тешко се вклопувате на подолги патеки. Можеби сеуште не го препознавате јасниот ссигнал, но немојте да отстапувате од искрените емоции.

Здравје – Исцрпени сте и потребен ви е одмор. Проблемите со несоница дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Престанете да мислите за случувањата од минатото, затоа што тоа дополнително ви го крева нивото на стрес. Водете сметка за апетитот и реалните потреби на организмот за да не нафрлите непотребно некој килограм вишок.

За другите знаци повеќе на следните страници…