Голем интерес за фестивалот на комедијата во општина Аеродром

Пред бројна публика со претставата „Шума“ на струмичкиот театар „Антон Панов“ вчера, 23.6.2015 година, на отворената сцена на игралиштето во фудбалското игралиште во Реонски центар „Аеродром“, продолжи вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Голем интерес за фестивалот на комедијата во општина Аеродром
Голем интерес за фестивалот на комедијата во општина Аеродром

Денеска, на репертоарот е комедијата „Од кол на кол“, најизведувана претстава на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, претстава создадена од мајсторот за хит-комедии Коле Ангеловски, според текст на еден од најпоставуваните автори Реј Куни. Оваа изведба на „Од кол на кол“ ќе биде 101-ва изведба на претставата.

Голем интерес за фестивалот на комедијата во општина Аеродром
Голем интерес за фестивалот на комедијата во општина Аеродром

Инаку, Фестивалот на комедијата трае до 30-ти јуни, чии претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот е бесплатен.