Досега 91 лице се пријавило на конкурост за пилот објавен од Министерството за внатрешни работи.
Министерката Гордана Јанкулоска, премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков денеска го посетија Центарот за обуката на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец каде што ќе се спроведува обуката на кандидатите.
„Наша цел е да мотивираме што повеќе млади луѓе кои отсекогаш имале желба да бидат во воздухопловството да се пријават на ваквите конкурси и во една конкурентна проццедура да бидат селектирани бидејќи овој Центар освен за потребите на Министерството за одбана односно Армијата и Министерството за внатрешни работи односно полицијата во иднина го гледаме и како тренинг за комерцијални потреби“, вели министерката Јанкулоска.
Од сите пријавени, МВР треба да избере 12 лица кои ќе ги обучува за идни пилоти на полициските летала. Министерката вели дека до истекот на рокот на 28-ми февруари очекува уште поголем број на пријавени кандидати. Кандидатите треба да не бидат постари од 25 години доколку се со средно образование и максимум 30 доколку се со факултети. Од двете категории ќе биде избрани по шестмина.
Ова е првпат МВР да обучува сопствени пилоти за што беше набавена современа опрема. Обуката на иднините пилоти на полициските хеликоптери ќе трае 19 месеци.