Голем интерес за Саемот на мебел

Зголемена фреквенција на посетители се очекува викендов на Саемот на мебел, на кој се претставуваат повеќе од 40 изложувачи со 80 брендови.

Мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи по атрактивни саемски попусти кои се движат од 20 до 50 проценти, се само дел од понудата.

„Како што и очекувавме, саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители“, велат од Скопски саем.

Саемот на мебел е со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а утре ќе бдиде отворен до 18:00. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница е 100 денари по посетител. Онлајн картите се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk. Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.