Иако февруари е најкраткиот месец во годината, но многумина имаа чувство дека тој никогаш нема да помине. Во текот на месецот што помина се како некако да беше стеснето, блокирано, а повеќето од нас во текот на февруари се чувствуваа уморно, надевајќи се дека барем нешто ќе тргне како што треба.
А, ако нешто и ни тргнеше – и тоа како да беше „со сила“. Или бевме во стагнација или трчавме со цела душа. Но, доволно беше за февруари, март е пред нас, па да видиме што можеме да очекуваме овој месец. Ако по утрото денот се познава, оваа пролет ќе биде бурна, затоа што март ќе врие од случувања и промени… Како целиот универзум да порачува – држете се сега ќе почне жестокото!
Меркур на последните степени од Водолијата уште од 3-ти март ќе прави квадрат со Марс на последните степени од Скорпија. Не само што овој аспект е исклучително лош за сообраќајот, ниту неговата здравствена симболика не е нешто подобра, туку воопштено ќе донесе и расправии, тензии, напнатост во меѓучовечките односи. Комбинацијата вода- струја во овој период (до 6-ти март до кога трае овој аспект) е мошне незгодна, па затоа пожелно е да водите сметка за електричните инсталации, особено за бојлерите и парните котли.
Само што ќе биде при крај овој аспект, Марс ќе премине во знакот на стрелец. Оваа планета на акцијата не би имала лоша симболика ако во знакот на стрелец не се наоѓа Сатурн. Станува збор за два малефици во ист знак – што за сите оние што конечно успеале да ги протуркаат колективните проблеми сепак ќе биде многу. Посебно ако се земе во предвид дека Сатурн почна да забавува, па овој месец ќе се движи ретроградно.
Од 9-ти Март…