Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 13-ти јуни?

Јарец

jarec-znak-1Работа – Навистина добар период за почнување бизнис што има врска со туризмот, угостителството и организацијата на забави. Ако сакате подобра позиција, уште некое време ќе треба да бидете рпеливи. Соработката со Скорпија или Вага може да ви донесе зголемување на приходите. Доколку вашаа работа е поврзана со комуникации, можее да очекувате подобрување на полето на соработкаа и зголемување на обемот на работа. Оние што се занимаваат со туризам нека обрнат внимание на документите во втората половина на неделата.

Љубов – Вешто ги користите вашите заводнички способности, па не е ниту чудо што постојано сте опкружени со заводливи погледи. Ова е убав период за сите што се слободни. Ве очекуваат возбудливи запознавања, но ќе бидете на мака кого да изберете.

Здравје – Можни проблеми со нозете и колковите.

Водолија

vodolija-znak-1Работа – Очекувајте голем број нови средби и состаноци што позитивно ќе влијаат на вашата кариера. Придржувајте се добро познатиот систем на работа и планирање и ќе забележите успеси. Ако не сте задоволни со моменталната позиција, размислете за промена на дејноста. Сепак, засега не менувајте ништо. Почекајте го крајот на месецот, кога ќе стигнат нови понуди. Можно е напредување. Ако сте неодлучни по кој пат да тргнете, послушајте го гласот на вашето срце.

Љубов – Можен е флерт со личност што не е слободна. Оние што се сами може да очекуваат додворување од личност во знакот Стрелец или Вага. Можно е ненадејно патување во странство. Ова е идеално време за уживање во љубовта.

Здравје – Дишните патишта ви се чувствителни.

Риби

ribi-znak-1Работа – Воспоставивте добри односи со сите соработници, уживате во работата и не ви паѓа на ум било што да менувате. Ако очекувате некој поголем прилив на пари, ќе мора да се стрпите уште малку. Ситуацијата се поправа во втората половина од месецот. Кон крајот на неделата очекувајте понуда за подобра работа и за поголема заработка. Соработкаа со Лав или Скорпија би можеле да ви донесат голема корист.

Љубов – Ако се сами и копнеете за љубов, очекувајте фатална средба кон крајот на неделата. Ќе ве воодушеви некоја личнос родена во знакот Девица или Стрелец. Оние што се во брак ќе уживаат во дружењето во семејството.

Здравје – Опуштете се, мислете позитивно. Контролирајте го притисокот.