Што ќе ви донесе ретроградното движење на планетите во текот на оваа недела. Што ве очекува на полето на љубовта, работата и здравјето…
Овен
Љубов
Венера во вашето поле на личноста оваа недела ќе направи тригон со ретроградниот Сатурн и конјукција со Уран. Во исто време, владетелот на вашиот знак Марс ќе почне да се движи ретроградно. Се во овој период звучи и изгледа како некои помалку, а некои повеќе дека ќе се свртат кон минатотот. Во емотивните односи треба да научите да ја „спуштите топката“ со партерот, за овие аспекти, особено конјукцијата со Уран во вториот дел од неделата да не доведат до „пукање“. Потрудете се да не провоцирате и да не го подбуцнувате партнерот. Кај слободните овни ќе бидат актуелни контактите со поранешните љубовници, но и контакти на брзина, незадолжителни, преку пријатели, од излегувања, интернет и социјалните мрежи…
Работа
Иако владетелот на вашиот знак оваа седмица тргнува да се движи ретроградно ќе имате еден период на прилагодување кон поинаква енергија и темпо во работниот сегмент, сепак ова ќе биде мошне поволен период за вас. Секако потребно е да научите со соработниците што ви се важни да имате коректен однос и немојте да се грижите – се ќе функционира во некој постојан ритам. Има и можности за големи промени, нови шанси што ќе се отворат низ контактите што сте ги оствариле, а можно е и некој од пријателите да ве „поттурне“ во вистинската насока. Одлични можности за оние што се невработени.
Здравје
Оваа недела ќе се чувствувате помалку „заљшематено“ а повозрасните може да имаат проблеми си притисокот. Ќе биде потребно малку повеќе време да си посветите на себе си.
За другите знаци повеќе на следните страници…