Еден стан изгоре, а најмалку три се оштетени во големиот пожар во Аеродром. Пожарот вчера избувна во т.н. сини згради, а за среќа во него нема повредени.
Некои се сомневаат дека големиот пожар во Аеродром е подметнат
Весникот „Дневник“ повикувајќи се на изјави од очевидци, пишува дека вчерашниот пожар во Аеродром, кој избувна на првиот кат од зградата почнал од терасата. Некои од нив се сомневаат и дека е подметнат.
Сопствениците на станот кои биле видно вознемирени и во шок, изјавиле дека на терасата чувале спрејови кои од топлината би можело да се запалат.
Спречено уништување на повеќе станови
Инаку, благодарение на брзата интервенција на пожарната служба пожарот беше изгаснат, а беше спречено уништување на повеќе станови.
Исто така, за многу кусо време на терен беше и полицијата која спроведе истрага. Пожарот го зафатил станот на првиот кат во т.н сини згради.