![bugarija-pozar Голем пожар ја зафати Бугарија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/bugarija-pozar.jpg?resize=480%2C346&ssl=1)
Во близина на градот Јамбол, во југоисточна Бугарија, денеска избувна голем пожар, кој досега уништи најмалку две куќи и неколку стопански објекти, објави МИА.
Пожарот, кој избувнал околу пладне по локално време, зафатил сува трева и нискостеблеста и листопадна шума и има фронт на ширење во должина од околу четири километри.
Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни единици од Јамбол и околните градови, припадници на бугарската армија, како и еден хеликоптер.
![Пожарот досега зафатил две куќи и неколку стопански објекти](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/bugarija.jpg?resize=300%2C135)
Директорот на бугарската Главна дирекција за безбедност од пожар и заштита на населението, Николај Николов соопшти дека огнената стихија досега уништила „две куќи и три-четири стопански објекти“ во селото Валча Полјана.
Целото село е кренато на нозе. Наша најважна задача е да го заштитиме селото Валча Полјана. Главна цел ни е да не дозволиме да има жртви и настрадани луѓе, нагласи Николов.
Тој најави дека се очекува во гаснењето на огнот да се вклучат и противпожарни екипи и техника од соседните региони, како и дополнителен број припадници на бугарската армија.
Очекуваме да пристигне хеликоптер и тешки машини на граджени фирми од Пловдив, истакна Николов.
Покрај овој, во близина на Валча Полјана бесне уште еден помал пожар, а регистирано е и едно жариште во повисоките реони над селото.
Наша задача е да го спречиме ширењето на огнот во шумата и кон соседна Турција, потенцира Николов.
Поврзани вести: