Голем пожар беснее на Сицилија, две лица загинаа

Италијанските пожарникари се борат со пожарите на Сицилија, кои ги зафатија областите Палермо и Месина, во северниот дел на островот.

Две лица загинаа во шумските пожари кои беснеат во северниот дел на Сицилија. Силниот ветер и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарот. Стотици туристи се евакуирани од хотелот во познатото туристичко место Чефалу.

Пожарникарите соопштија дека спасувачките сили се исцрпени поради двојните смени во кои работат во сите бригади на Сицилија.

Стотици гости се евакуирани од хотелот поради шумски пожари, во кои загинаа две лица.

Пожарите наводно биле предизвикани од силен ветер и високи температури.

Жена (42) го загубила животот обидувајќи се да си ги спаси коњите, известија од службата за цивилна заштита.

Таа била со нејзиниот татко и браќата, но се претпоставува дека поради жештината и чадот ја изгубила ориентацијата и паднала во кањонот, се наведува во извештајот.

Според новинската агенција АНСА, 68-годишен маж исто така загинал откако побегнал од својата запалена куќа западно од Палермо.

Со 300 пожарникари на должност да го изгаснат локалниот пожар, италијанските пожарникари соопштија дека спасувачките сили биле засилени со удвојување на смените во сите командни области на Сицилија.