Голем пожар кај Богданци, се шири кон погонот со плински боци

Во Општина Богданци уште од вчера гори борова шума и постои опасност да ги зафати двата погона за производство на плински боци, бензинските пумпи, рибниот комплекс „Елита“, информираат од Општина Богданци.

Пожарникарите и мештаните од Богданци се на терен, а нема информација од ЦУК за помош од воздух.