Голем пожар избил доцна синоќа за време на концерт во oбјектот на Автономниот културен центар „Медика“ во Загреб, но нема информации за повредени.
Во гаснење на пожарот, кој избувнал на покривот од зградата под се’ уште неутврдени околности, учествувале 25 пожарникари со шест противпожарни возила.
Во моментот на пожарот во и пред клубот имало околу 500 лица, пренесуваат хрватските медиуми.
Во истиот овој објект имало пожар во март 2011-та година кога клубот го запалил пијан гостин. Тогаш изгоре голем дел од инвентарот во клубот.