Британскиот регулатор во четвртокот соопшти дека досега идентификувал 30 случаи на создавање крвни згрутчување по примената на 19 милиони дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“, што е 25 повеќе во однос на претходниот извештај.
Претходно на 18-ти март Управата за контрола на лековите на Обединетото Кралство, извести за пет случаи на згрутчување на крвта на 11 милиони искористени дози на вакцината на Covid-19.
„Спроведивме детална анализа на 30 извештаи за формирање на тромбови кај лица со многу низок број на тромбоците, коишто ги добивме заклучно со 24-ти март…“, се наведува во извештајот на британскиот регулатор.
Во 22 случаи станувало зборови за тромбоза на церебрални венски синуси, а друготе осум случаи се „други тромбози“.
Во мај 2020 година „AstraZeneca“ склучи договор со Универзитетот Оксфорд за развој, производство и испораки на вакцина за коронавирусот. Препаратот е создаден со реномираната образовна институција и нејзината ќерка компанија „Vaccitech“, а годинава Европската агенција за лекови (ЕМА) го одобри за користење на пазарот во Европската унија.
Во Германија досега е забележан 31 случај на појава на згрутчување по вакцинирање со вакцината на „AstraZeneca“. Германија пред неколку седмици целосно на неколку дена ја запре вакцинацијата со „AstraZeneca“ што беше продолжено откако Европската агенција за лекови (ЕМА) оваа вакцина ја прогласи безбедна за употреба, но во главниот град Берлин го ограничи нејзиното аплицирање кај жени помлади од 55 и од 60 години.
Многу еверопски земја, исто така, на почетокот од март го запреа вакцинирањето со „AstraZeneca“, додека траат истражувањата на случаи кај кои дошло до ваквите компликации и смртни случаи, првенствено во Австрија и Норвешка.
Повеќето од овие земји веќе започнаа повторно да го имунизираат населението со оваа вакцин. Меѓутоа, и покрај препораките од ЕМА, Норвешка и Данска го пролонгираа застојот во користење на „AstraZeneca“ до 15-ти април, а Франција на 19-ти март објави дека вакцината ќе им ја дава сао на луѓе од 55 и повеќе години. Таа одлука ја поткрепи со докази дека тромбозите се јавуваат главно кај млади луѓе.
Канадските здравствени власти во понеделникот објавија дека повеќе нема да ја нудат вакцината на „AstraZeneca“ на помладите од 55 години и бараат мови анализи се делувањето и ризиците од вакцината засновани на возраста и полот.