Голем женски хороскоп: Дознајте се за карактерот и особините на жените

Жена Лав

Вие не сте слаба жена, која е оставена да ја носат брановите на судбината. Вашата виталност, волја, вашето тело, ќе ви овозможи да влезете во категоријата на оние жени кои доминираат, кои не дозволуваат да бидат поразени. Ви се допаѓа акција и движење.

Претпазливи сте и ништо не е оставено на случајот. Имате премногу високо мислење за себе за да може да се задоволите со моменталната состојба. Вие сте дарежлива и среќна кога за другите може да направите некоја радост. Сепак, понекогаш сте егоисти, и пред да се сетите на друг, прво мислите на себе си.

Имате силен карактер. Бидејќи вие сте страсна жена, знаете што ве привлекува, а што одбива кај некој човек. Вие или некого сакате или го презираат. Ако ви се допаѓа еден човек, ќе му ставите отворено до знаење. Ако сакате во целост им се предавате на чувствата, без ограничување. Не поднесувате ништо нејасно и неодредено во љубовта.

Жена Девица

Се што се случува околу вас го примате со интелектот. Всушност, бегате како од  чума, од се што е диктирано од инстинктот, минливите впечатоци, ентузијазамот и страста. По природа, вие сте премногу  воздржани и срамежливи за да ги покажете јавно своите чувства.

Вие сте многу чувствителни и со сомнеж ги примате лошите зборови и критики. Тешко е да се претпостави дека, со оглед на вашиот карактер, може со леснотија да се занесете во импулсивна и страсна љубов која може да донесе непредвидени промени. Ниту во љубовта, како и во се друго, не се препуштате лесно, затоа што сте преплашени од сопствените инстинктивни реакции. На кратко, многу е тешко вас човек да ве добие.

Кога ќе сретнате некој што ви се допаѓа и кому вие му се допаѓате, тешко дека во истиот  момент ќе му се фрлите во прегратка. Вие сте верна сопруга. Не само затоа што не сакате да го изневерите човекот за кого сте се врзале,  туку и затоа што се плашите дека вашите чувства ќе излезат на видело. Во се сте дискретни, внимателни, срамежливи. Како што животот го примате сериозно, така ја примате и љубовта.

Жена Вага

За вас неможе да се каже дека сте одлучна и енергична личност. Во донесувањето одлуки или во вршењето на некоја работа се двоумите и никако да го најдете вистинскиот пат и вистинското решение. Вие не сте амбициозни и секогаш ви треба некој кому ќе препуштите дел од своите обврски.

Сакате да им се допаднете на другите, друштвени сте, сакате да излегувате, уживате во комплиментите. Вие сте чувствителна и страсна. Поседувате одреден шарм. Луѓето во вас гледаат нешто таинствено, мистериозно. Вие сте многу интелигентни, но таа одлика не е секогаш ја насочувате во таа насока каде најмногу ќе дојде до израз.

И во изборот на пратнер многу Ваги грешат. Сметајќи дека партнерот треба да им биде потпора во животот, се врзуваат за оној кој станува тиранин штом ќе ја почувствува нивната слабост.  Вам најмногу би ви одговарал човек кој ќе знае да ги цени вашите квалитети и кој нема постојано да ви префрла за недостатокот на енергија за да ги поднесете животните и другите проблеми. Вие не сте склони кон промени во љубовта, но ако ви се случи да сретнете личност која ќе ви се чини  симпатична, а околностите се поволни, нема да се сметате дека е грев да се пуштите во малку авантура со неа.

Жена Скорпија

Вие не сте пасивна, тивка, нежна жена. Вие сте импулсивен и страстен карактер. Во животот, не правите ништо на половина пат. Не ви се допаѓа неодлучност. Кога ќе се фрли во некој потфат, кога учествувате во дискусија, кога ќе доживеете авантура, секогаш одите до крај. Или, пак, не преземате ништо.

Вие сте многу чувствителна личност и секогап сакате се или ништо. Вие сте подготвени да се предадете  до крај, без двоумење, и несебично, оному кого сте го избрале. Избраниот станува центар на вашиот живот. Скорпиите, иако не се убавици, имаат фасцинантен ефект врз мажите … Недефинираниот, чуден шарм, кој ги движи вибрациите во длабочините на вашата личност, знаете добро да го искористите. Кога некој маж е сигурен дека ви се допаѓа и дека ве привлекува, ќе успеете да го заробите со илјадници невидливи детали. Човекот што сте го избрале нема веднаш да навлезе во тајните на вашата личност. За него долго време ќе бидете мистериозна личност. Тоа ќе биде еден од силните двигатели на неговата љубов. Лицето кое сака одеднаш во целост да ве запознае рескира засекогаш да ве изгуби.

Жена Стрелец (повеќе на следната страница)