
Најмалку 75 лица се уапсени денеска од страна на бугарската полиција во рамки на акцијата за откривање на странци кои илегално престојуваат на територијата на Бугарија.
Како што соопшти прес-службата на бугарското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените се и 34 лица кои се осомничени за поврзаност со шверц на луѓе.
Во акцијата, кој е спроведена на териториите на Бургас, Видин, Јамбол, Монтана, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Софија, Стара Загора и Хасково, учествувале над 1.430 полициајци и припаниџи на Државната агенција за национална бебзедност (ДАНС) и Јавното обвинителство.
При акцијата се претресени 1.010 објекти и речиси 5.000 возила, при што се запленети и една пушка и еден пиштол, за кои сопствениците немале валидни дозволи, како муниција за нив.