Голема еко-акција и музичка забава под железничкиот мост во Мичурин

Денеска, со почеток во 18:30 часот ќе се одржи голема еко-акција под мостот на железничката станица во населбата Мичурин.

Освен чистење, еко-акцијата за расчистување и разубавување на локацијата во близина на улицата „Венијамин Мачуковски“, ќе понуди и многу забава.

Граѓаните кои ќе учествуваат во акцијата ќе можат да уживаат во музиката на Тони Зен, диџеј GOCE SAF, хип – хоп групата BEATRIX CREW, Марко Новески, како и во уметноста на неколкумина графити артисти.

Еко-акцијата е во организација на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ со поддршка и помош од Општина Аеродром, како и Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија и Биди Зелен.

Сите подетални информации за настанот можете да ги најдете на веб-страницата www.mrdnisoprst.mk.