Култниот македонски актер Мето Јовановски кој неодамна беше прогласен за Doctor Honora Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, наредувајќи се на тој начин на врвот на светската театарска и филкмска уметност, вчера во престолнината на Црна Гора се стекна со уште едно високо меѓународно признание од редицата награди од различни светски центри.
Мето Јовановски е добитник на „Големата награда“ на Црногорското народно позориштеза најзначаен уметнички резултат остварен на сцената на овој театар за 2015 година. Наградата свечено му беше врачена во рамите на Денот на народото позориште, а Одлуката на Советот на театарот предизвика овации меѓу присутните какви што одамна не се паметат во вакви пригоди во оваа средина, јавуваат црногорските медиуми.
Од оваа учебна година Мето Јовановски е професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје со што за првпат, овој меѓународно афирмиран уметник, водејќисвоја класа ќе ги пренесе своите знаењана идните поколенија.
Мето Јовановски припаѓа на екипата од соништа на најголеми актери на просторот што некогаш го нарекувавме Југославија. Сега е театарски и филмски актер кој не признава никакви граници.Црногорското народнопозориште имаше чест Мето Јовановски двапати да заигра на неговата сцена и тоа во две големи и значајни престави. Во 2001 година играше во „Малограѓани“ од Максим Горки во режија на Паоло Маѓели и улогата на Василиј Василијевиќ му донесе статус на почесен член на ЦНП. Во изминатата сезона Мето Јовановски го играше Василиј во „Урнебесна трагедија“ од Душан Ковачевиќ во режија на Вељко Миќуновиќ. Василиј на Мето е создаден од контрапункт, движејќи се од чемер до смеа и назад притоа пронаоѓајќи ги сите валери на сложениот ракопис на Ковачевиќ и иноватнивниот режисерски зафатна Вељко Миќуновиќ.
Но, сепак, ликот е само и исклучиво креативна сопственост на Мето Јовановски.Тој игра на начин кој ги брише границите помеѓу театарот и животот што можат да го прават само големи мајстори. Мето со својот актерски и човечки хабитус е мајстор- се вели во одлуката за наградата.