Загинал 19-годишниот Роберт Бурка и двајцата позајмени ракометари од Плоешти, Даниел Барлоага и Даниел Манда.
Потешко повреден е тренерот и претседател на клубот, Аурел Јанку кој е хоспитализран.
До несреќата дошло откако поради дефект на камионот, тој бил запрен, но возачот на минибусот немал доволно време да реагира и удрил во него.
Во сличен инцидент, ракометниот клуб Тарговиште бил инволвиран и пред три години, но тогаш немало толкави последици.