Во Франција оваа седмица биле приведени 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца училишни наставници, во голема полициска акција која покажува дека педофили има во сите општествени слоеви.
Акција од таков обем „никогаш не е видена“ во Франција, изјави Квентин Беван, претставник на новата канцеларија за малолетници на правосудната полиција, која ја координирала операцијата.
Полициските службеници таргетирале профили на луѓе кои се во редовен контакт со деца. Така приведени се двајца училишни наставници, спортски тренери и еден надзорник во ученичкиот дом за хендикепирани лица.
Осомничените биле на возраст од околу триесет до над 60 години. Кај неколку од нив се пронајдени видео снимки и фотографии од педофилска содржина складирана на компјутери и други дигитални уреди.
Десетици се осомничени за силување малолетници или сексуални напади. Надзорникот веќе бил осуден за силување пред неколку децении, а можел да работи со деца бидејќи законски го променил својот идентитет, рече Беван.
Истрагите сѐ уште се во тек, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.