![policija-apsenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/policija-apsenje-1.jpg?resize=620%2C353&ssl=1)
Големо полициско присуство во Струмичко.
Според информаците до кои дојде Нетпресс, има уапсено повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела, како криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.
По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 година го прошири бизнисот во енергетскиот сектор, но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана, по претходно издадени лиценци од Владата. Според информациите од упатените, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.