Хард диск сокриен во душек пронашла полицијата во еден од претресите кои со наредба на Судот од утрово се вршат на 7 локации како продолжение на акцијата за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“, пишува Прес 24.
Како што веќе објави Пресс24 истрагата се сомнева дека во хард дискот се наоѓале незаконски прислушувани разговори кои може да потекнуваат од базата на Заев и со кои требало да се уценуваат познати бизнисмени и важни луѓе од општествениот живот во Македонија.
Претходно, истрагата при претресите пронајде 70.000 незаконски прислушувани разговори во компјутерот на прво осомничениот Захир Бекири Чауш за кои исто така постои сомнение дека се тргувале со криминални структури од земјава и регионот и биле наменети за уценување на истакнати личности.
Исто така, во претходната акција, полицијата во домот на Чауш и неговите соработници пронајде и докази кои потврдуваат дека токму Бекири е лицето кое стои зад наводната афера со фалсификуваните лични карти и пасоши, а беа пронајдени беа и фалц бугарски пасоши со имињата и фотографиите на луѓе од највисокото државно раководство меѓу кои и екс премиерот Груевски, неговиот шеф на кабинетот Протоѓер и други поранешни и актуелни министри.
Пронајдени беа и фалсификувани обрасци од наводни банкарски трансакции од банки во Швајцарија и други оф шор земји на кои стоело името на екс шефот на ДБК Мијалков кои требало да послужат за негово дискредитирање во јавноста и фабрикување обвиненија за нелегални трансфери на пари.
Пронајдена беше и база на податоци со украдени идентитети на повеќе од 120.000 граѓани.
Шемата на Чауш и СДСМ веќе и е позната на јавноста. Чауш печател фалсификувани документи а потоа му ги предавал на весникот Фокус кој од тоа фабрикувал афери во јавноста. Чауш одел до таму што снимал и видеа за фабрикуваните афери да изгледаат повистинити.
Истрагата се уште утврдува дали новинарот од весникот Фокус бил дел од криминалната група или делувал без да знае дека му се подметнуваат фалсификати. Доколку се докаже неговата вмешаност не се исклучува и против него да биде покрената кривична постапка.
Захир Беќири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Неговата сопруга е дел од партиските вработувања на СДСМ и платата ја зема од општинската фирма Паркинзи Центар, каде директорува Саша Богдановиќ, Претседател на Општинскиот огранок на СДСМ во скопски Центар.